reklama70590

КОНЕЧНО НОВА ЗОРА - МАКЕДОНСКИ ВЕСНИК ВО ГРЦИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ГРЦИЈА

06 мај 2010 година, Скопје, Македонија (СМК)

- Денешниот ден е еден историски ден за македонското движење, но и за сите грчки граѓани кои посакуваат една навистина европска, демократска Грција. Почнува да циркулира првото масовно средство за информирање во нашата земја кое содржи вести, артикли и коментари и на македонски јазик. Еден јазик кој во Грција официјално не постои, но неофицијално го зборуваат или го разбираат повеќе од половина милион луѓе, претежно во северна Грција, - се вели во денешното соопштение редакцијата на весникот на македонски јазик Нова Зора.

novazoraНова Зора е весник кој се обраќа пред се на Македонците кои сакаат да држат контакт со нивниот мајчин јазик, кои посакуваат да го научат подобро и тие и нивните деца, кои сакаат да ги бараат нивните права, да научат за нивната

историја и култура. Пораката е јасна: времињата на стравот поминаа. Нашата земја не може веќе да се крие зад прст. Мора да се согласи и да се прилагоди на тоа што се случува во другите европски земји.

Истовремено, весникот се обраќа и кон пошироката публика, кон тие кои не можат веќе да трпат заговор за неинформирање, во кој не' осудија останатите грчки медиуми и големите новинари. Затоа, Нова Зора ќе им понуди на читателите теми што не се наоѓаат на друго место. Непознати страни на познати случувања кои намерно останаа во темнината со децении, обични секојдневни приказни, анализирања и мислења без маски, зависност и дотерувања. Ова е нашиот аманет.
Доста позитивно е што циркулирањето на Нова Зора се совпаѓа со можеби најдлабоката криза од создавањето на новогрчката држава, со еден период кој се надеваме ќе натера многу грчки граѓани да направат темелна ревизија за тоа во што веруваа и да побарат нов почеток. Токму тоа е потребно сега за Грција: да го остави на страна безизлезното минато кое ја одведе до економско, политичко и социјално банкротирање, да ги испита повторно релациите со нејзините граѓани кои имаат различно национално и јазично потекло, но истото да го направи и со соседните земји. Ова е единствениот пат некогаш да се тргне по нагорна насока. Овој весник, имајќи потполно чувство за уникатноста и за неговата мисија, ќе го стори потребното, во обидот да се смени Грција.

Знаеме дека ќе не поддржаат сите Македонци и се надеваме на поддршка и од сите Грци демократи. Знаеме, исто така,
дека државата и парадржавата ќе се обиде да ни ја затвори устата. Но, тоа ќе биде осамен обид осуден на неуспех. Нова Зора можеби задоцни малку, но дојде за да остане, - објавува редакцијата на Нова Зора и нејзиниот главен уредник, Димитри Иоанну. www.novazora.gr

ohridON.com

Коментари (2)Add Comment
Во вистинско време
напишано од Бизе, мај 08, 2010
Ви честитам на подвигот.Мислам, дека крајно време беше македонскиот народ што живее и потекнува од Егејска Македонија,да доживее една радост после скоро 100-годишно гушење.Доколку Државата Грција уште после окупацијата(1912-13г.) на дел од македонската територија и население,ги оставеше Македонците(а и другите народи)во стилот на Александар Велики-домородното населание слободно да живее и допринесува за просперитетот на државата во која живее-Грција,сега немаше да се соочува со толку тешка така економска,финансиска па и политичка криза.Повеќе од очигледно е дека,Македонците се мирољубив народ(тоа го докажаа во текот на живеењето, после грчкото прогонство во државите во кои беа насилно иселени-во бившите социјалистишки држави,како и во САД,Канада и Австралија)и сигурно ќе беа многу полојални граѓани од повеќето грчки граѓани „псеудо-Грци„кои во најтешките моменти за нивната Татковина со сите сили работат на нејзино разнебитување.Ќе се докаже, дека Македонците ќе вложат максимални напори Грција што побезболно да ја преброди оваа криза.Среќен сум што после многу години моите сонародници(роден сум во леринско)ќе можат да читаат и на македонски.Полека сигурно ќе излезат на виделина причините кои ги натераа нашите дедовци, мајки и татковци да се приклучат на антидржавното движење во 1946-49г.(секако нерадо, бидејки таквиот чекор во тие времиња беше ем погрешен ем погубен за македонскиот народ во целина).Поздрав до сите МАКЕДОНЦИ каде ида се!
Iskra
напишано од Buco, мај 06, 2010
Krajno vreme bese i ova da se sluci.Iskra na nadez deka sepak vistinata ke pobedi.

Напиши коментар
намали | зголеми

busy
reklama547x60_copy
.
whiteline
Поважни телефони
Полиција - 192 Брза помош - 194
Пожарна - 193 Евн - 263 666
Автобуска - 260 339 АМСМ - 196
Аеродром Скопје
(2) 3148 333
Аеродром Охрид
252 820
Водовод - 250 122 Комуналец - 263 325
Центар за справување со кризи - 195
Организација на потрошувачи - 252 833
Црвен крст - 273 706
whiteline
ohridon-logo-malo
JoomlaWatch Stats 1.2.9 by Matej Koval