reklama70590

Засилен надзор на инспекциите во Охрид


ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД ОПШТИНА ОХРИД СО УНИФИЦИРАНИ ОБЈЕКТИ ЗА ПРОДАЖБА

Се известуваат сите физички и правни лица кои имаат поставено тезги, штандови и друг вид на опрема на јавните површини на територијата на општина Охрид, а не поседуваат соодветна документација издадена од стручните служби на Локалната самоуправа, должни се веднаш истите да ги дислоцираат, односно, отстранат.

Комуналната инспекција во соработка со останатите служби ќе врши засилен надзор и ќе бидат превземени санкци за оние кои не поседуваат документација.
Општина Охрид ја подготвува новата  Програма за поставување урбана опрема (т.н. летна шема), со која ќе биде утврден просторот и начинот на издавање на дозволите.

Со летната шема се предвидува поставување на унифицирани тезги, штандови и друга урбана опрема со која ќе се регулира локацијата и намената на објектите.

За критериумите за добивање дозвола за користење на унифицираните тезги, заинтересираните субјекти ќе бидат доплонително известени веднаш по усвојувањето на Програмата за поставување урбана опрема од страна на Советот на општина Охрид.
До нејзиното усвојување не е дозволено поставување урбана опрема и извршување на ваков вид на дејност.

ОПШТИНА ОХРИД
ОПШТИНСКИ ИНСПЕКТОРАТ

Коментари (3)Add Comment
...
напишано од krt, април 25, 2013
Samo napred gradonacalnice, mnogu problemi vo gradov ke se resat aku se namali sivata ekonomija. Taa e rak rana i na porazvieni opstestva od nasevo. Bi predlozil duri i dase proveri dali sopstvenicite na delovni objekti niz gradov plakaat danok na drzavava i na opstinava za kiriite koi gi zemaat od onie na koi im gi izdavaat.
...
напишано од да бе, април 23, 2013
Имаш фирма, поседуваш правен статус, продавници во охридска чаршија (сите до една), имаш познати во општина, вработуваш неколку години без осигурување, а потоа на три илјади денари плата, и НИКОЈ НЕ ТЕ КАЗНУВА. Добар ден охридски чаршиски работодавци.
INSPEKCISKI SLUZBI
напишано од JAS, април 22, 2013
IMAS FIRMA,POSEDUVAS PRAVEN STATUS I MOZES DA BIDES KAZNET VO SEKOJ MOMENT!
NEMAS FIRMA RABOTIS NA CRNO,NEMA KOJ DA TE KAZNI!

NAJDOBRO E SITE DA RABOTIME NA CRNO!
TAKA E NELI!

SE ZAPRASAL LI NEKOJ KOLKU RABOTILNICI,GARAZI,PODRUMI,I TD...RABOTAT NA CRNO VO OPSTINA OHRID!
I KOKLU VRABOTENI SE NA CRNO!

POCITUVANI INSPEKCISKI SLUZBI!
VO IME NA ZAKONOT,AKO VLADEE VO NASATA DRZAVA,I VO IME NA SITE NAS ,PRAVNI SUBJEKTI KOI NA SEKOJ 15 VO MESECOT GI ISPLAKAME OBVRSKITE PREMA OVAA DRZAVA,NE SMETAJKI GO DANOKOT OD ZARABOTKA KAKO I SITE NASTANATI SMETKI ZA STRUJA,FIRMARINA .....IMA LI SENS OVAA VLAST DA GI SANKCIONIRA SITE TIE DIVI OBJEKTI KOI GOLEM DEL OD NEODANOCENI SREDSTVA I BUDZETSKI PARI GI STAVAAT VO DZEB!
POKRAJ SITE POVOLNOSTI KOI GI NUDI VLADATA ZA OTVARANJE NA NOV BIZNIS,I PONATAKA EGZISTIRAAT VO MAKEDONIJA OGROMEN BROJ NA VEKE SPOMENATITE SUBJEKTI

KALIMERO KE IMA LI PRAVDA!

Напиши коментар
намали | зголеми

busy
reklama547x60_copy
.
whiteline
Поважни телефони
Полиција - 192 Брза помош - 194
Пожарна - 193 Евн - 263 666
Автобуска - 260 339 АМСМ - 196
Аеродром Скопје
(2) 3148 333
Аеродром Охрид
252 820
Водовод - 250 122 Комуналец - 263 325
Центар за справување со кризи - 195
Организација на потрошувачи - 252 833
Црвен крст - 273 706
whiteline
ohridon-logo-malo
JoomlaWatch Stats 1.2.9 by Matej Koval