reklama70590

Трајкоски: „Со своите сограѓани ќе го реализираме проектот „Подобра Дебарца за сите нас".

„Низ историјата секогаш се запаметуваат датумите кои имаат големо значење, датуми кои преставувале пресвртница низ општествените процеси. Токму таков датум преставува и 7 април, датум кога во Општина Дебрца за прв пат на власт доаѓа градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Овој датум за мене ќе биде врежан како еден од најзначајните но тоа ќе биде исто така најзначаен датум  и за жителите на Дебрца", истакна на пресс конференцијата новиот градоначалник на Дебарца, Игор Трајковски.
Тој најпрвин му се заблагодари на претседателот на ВМРО ДПМНЕ г-дин Никола Груевски кој како што кажа ја имал целосната доверба во него, а потоа и на сите министри, пратеници кои низ овој изборен процес го поржуваа. Благодарност упати и до неговиот тим, до советничката листа од ВМРО ДПМНЕ за Општина Дебрца.
„Но најголема благодарност дозволете да им упатам на жителите на Општина Дебарца за потполната и целосната доверба која ми ја укажаа низ изборниот циклус. Јас сум човек кој даде ветувања знаејќи дека ќе ги исполни, затоа верувајте целосна ќе биде и мојата поддршка која ќе ја дадам за жителите на Дебрца. Тоа ми е основна цел во понатамошното мое делување. Народот е најголем коректор и критичар за дејствувањето на еден градоначалник, затоа јавно укажувам дека ќе бидам посветен на она што значи реализација на ДЕЛА и ПРОЕКТИ, со кои убавиот живот мора и ќе стане секојдневие", рече Трајкоски.
Тој рече дека е човек од Општина Дебрца и дека тука ќе остане заедно со своите сограѓани со кои заедно ќе го реализираат најголемиот проект, а тоа е „Подобра Дебарца за сите нас".

 

Коментари (1)Add Comment
CESTITKI
напишано од NADE, април 10, 2013
Ви честитам за победата и ви посакувам успешна работа
Само напред славна Дебрца

Напиши коментар
намали | зголеми

busy
reklama547x60_copy
.
whiteline
Поважни телефони
Полиција - 192 Брза помош - 194
Пожарна - 193 Евн - 263 666
Автобуска - 260 339 АМСМ - 196
Аеродром Скопје
(2) 3148 333
Аеродром Охрид
252 820
Водовод - 250 122 Комуналец - 263 325
Центар за справување со кризи - 195
Организација на потрошувачи - 252 833
Црвен крст - 273 706
whiteline
ohridon-logo-malo
JoomlaWatch Stats 1.2.9 by Matej Koval