reklama70590

Панделески,Летра и Попоски ги зовреа страстите во ОК на ВМРО-ДПМНЕ


....Вмровски кандидатури (макар и во анкета) за Панделески, за Летра па и за Ацо Попоски во најмала рака е несериозност на оној кој што ја нарачал анкетата ...

vmro_dpmne_logoПристигна лето во Охрид, жештини,гужви ама овајпат не само низ градот туку меѓу политичките елити во нивните партиски кујни. Додека на едната страна СДСМовската  и е прилично поедноставно, иако Владо Чингоски (со голема подршка од коалицијата) завзема се подобра позиција во однос на другите кандидати, Ацо Петрески,Науме Јованоски и Рилкоски,  далеку покомплицирана е страната на ВМРО ДПМНЕ.

Тука на жештината која ја имаат внатре им се накалеми и најнова анкета која ги зовре страстите. По нечија нарачка анкетата бара одговор кој да биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ во Охрид помеѓу 15тина имиња. Малку изгледа предоцна за таква екскурзија ама да направиме осврт на желбите во ВМРО ДПМНЕ кои ги има во три дела.

Првиот дел се охридските најистурени војници од ОК и ги има двајца.Претседателот на ОК Атанаско Михаилов (како најнепопуларен претседател) и Координаторот на советниците Дејан Пановски како пофлексибилна партиска опција. Нашите извори говорат дека Атанаско Михаилов има голема желба за кандидатура кој би ја добил по основ на тоа што е Претседател на ОК (иако е најнесрекната кандидатска опција). Според нашите извори, речиси е сигурно (од кога ке се врати од одморот во Грција) дека Атанско ќе аплицира на објавениот конкурс за кандидати и тука се е јасно. Само Дејан Пановски пак упорно тврди дека не е заинтересиран за кандидат и дека има други позиции од каде би се помогнало за Охрид. Дознаваме дека како поткрепа на овој негов став, Пановски веќе рекол дека нема да поднесе апликација за кандидат за Градоначалник на Конкурсот и дека максимално ќе помогне тој што ќе биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ да победи. Тактика или фер игра , допрва ќе видиме.

Вториот дел се групата на сегашни и екс пратеници ..Во таа група се наоѓаат Хари Шокароски но и Цветко Грозданов и Анита Кипаризовска. Шокароски е исто така прилично флексибилен и не е оптеретен со кандитатура, но јасно е дека како актуелен пратеник добива на тежина и политичка поддршка. Каква ќе биде поддршката на анкетите кои се во тек ќе покаже дали ќе ја испрати својата апликација. Кај Грозданов е сигурно, несомнена е неговата желба за кандидатура и Грозданов не запира по тој однос.Зад него има чиста сметка, подршка од членството и јасно е дека ќе биде апликант  а како што неколку пати изјавил,  ако партијата му даде доверба ќе биде кандидат за Градоначалник. Анита Кипаризовска би требало пак да ја има поддршката на женското лоби во партијата, а искуството како партиски војник ќе го користи во апликацијата за кандидат за прв женски Градоначалник на Охрид.

Трета група во анкетата се лица за кои од партиски аспект нема што многу да се напише. Освен Сашо Василески кој јавно ја искажува желбата да биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ за Градоначалник на Охрид играјќи со некое меѓународно лоби. Бакрачкески сеуште не е изјаснат дали би ја напуштил успешната кариера за неизвесната фотеља. Не треба да се занемари и агресивниот пристап на Размоски Јордан (екс-полициски висок службеник) кој исто така не крие желба за кандидатура.

Но останува уште една група која ако се спомене е некоректен однос посебно кон првите петмина,  но ја има во анкетите.

"Вмровски кандидатури (макар и во анкета) за Панделески, Летра па и за Ацо Попоски во најмала рака е несериозност на оној кој што ја нарачал анкетата . Не зачудува и можноста за објавениот конкурс за избор на (непартиски) кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ да биде наменет токму за охридските потреби (?)" - додаваат нашите извори.

 

На 25-06 објавивме наслов : "И СДСМ не верува во Градоначалникот Петрески "во кој, (според нашите информации) ја опишавме сегашната актуелна состојба во охридскиот СДСМ. Насловот предезвика огромен интерес во јавноста, особено кај засегнатите партиски и бизнис релации со споменатите во текстот. Сепак најпозитивно е тоа што ЈАВНОСТА добива пореална слика а одлучувачките фактори му даваат се посериозен пристап при изборот на новиот коалициски кандидат (базиран врз реални параметри) и зад кој со сигурност ке застане СДСМ, ВМРО-НП и другите помали  партии.

 

И СДСМ не верува во Градоначалникот Петрески ?

http://www.ohridon.com/m-naslovna/8646-2012-06-25-01-39-07.html

 

ohridON

02-07-2012

Коментари (15)Add Comment
a
напишано од a, јули 12, 2012
aj be kupeti si kandidat sekako pak neme kogo da stavite
Само една има вистина
напишано од ВМРО, јули 03, 2012
Гледам и се чудам заш кај нас го има само ова абе сите политичари станаа, за кои нови, стари членој станвит збор, абе ве местет да се испокарате, како беше онаа раздели па владеј, победата ја донесоа вистинските ВМРОВЦИ По победата над кмунјариве во 2006 сега ВМРО е на власт о ке падни абе сите овие кои сега сакет кандидатури пустина ке фатет ако се секавате , или да ве подсетам исто како во2002 година кај веа сите овие од 2002 до 2006 немислам за младите абе некој имет по 50 години тргвејки од претседателот па се до советникот и пратеникот или чекаа да видат како ке се одвивет нешчата па знајте како е ко ке се победит од нив на орото немојш да се фатиш, немојте да дозволите повторно да не разделет и да ни се случи. Ацо С.... заш ке најдет друг како него и друга лига за демократија па ке се пазарит со комунјариве и зававњаците, поздрав до охридон
...
напишано од Nomche, јули 03, 2012
Ajde de i hostapleri ke redime za gradonacalnici, jas mislam deka odbrojani mu se denovite na pajtasite na Go..( covekov e vo bekstvo), N...( glaven e i so Aceta) i I...( samo sto se vrati od pecalba od Albanija), zavrsi nivnata dominacija vo Ohrid aku dade gospod site zaedno drustvo ke si pravet i so vazelince ke se sladet. Iden gradonacalnik na Ohrid koj i da e tesko mu se pisi,posle Ace se ke bidi potop zs ovoj mu ja ee...
pobeda
напишано од sonce, јули 03, 2012
VMRO pocna da pobedvit bas od koga dojdoa novite luge,ne znam za koi pravi vmrovci kazvite ovde.Edinstveno za gradonacalnik ne pomina i to zaradi starite demek vmrovci sto go predadoa Nance.Koj ste vie da kazvite koj cinit,koj bil so damki,bez damki.Aj vidite vie sto ste naprajle za Ohrid i ostajte gi lugeto da se borat.Edinstvo vo VMRO i pobeda a vie kodosi nadvot
ВМРО КОМУНИСТИЧКА
напишано од владимир, јули 03, 2012
Абе за какво ВМРО во Охрид прајте муабет, во ВМРО све има само вмровци нема. Па зар не гледате дека цео раководство се бивши СДСМовци, Либерали, Либералемократи и Цилевци? ........Не гледате зошто последниве 8 години ВМРО упорно губи во Охрид? И ќе губи се додека ВМРО ДПМНЕ не го превземат вмровци и не ги исчистат овие сегашни ''комуњари'' од 6 ешалон а сега први вмровци на чело со ...........
Lista na sovetnici
напишано од !!!, јули 02, 2012
Zosto site zapnale koj ke bide gradonacalnik ,a nikoj ne se zaprasal koj se ke se najde na sovetnickata lista, zosto site vazni odluki gi nosi sovetot na Opstina Ohrid. Dzabe e da se ima gradonacalnik ako nemas mnozinstvo vo sovetot i ako nema pravi luge na koi ke im se veruva vo nosenjeto na vazni Odluki i za koi ohrigani ke glasaat, Se vide so segasnive koj kapacitet go imaat i samo mozat da kazat po nekoj zbor, a odlukite gi nosat sovetrnicite na SDSM i nezavisnite profiteri.
Treba da se napravi vistinski izbor kako na kandidat za gradonacalnik ,taka i za sovetnici ama ne preku konkurs , tuku po predlog na MK na VMRO DPMNE koi znaat koj se e kadaren , a koj ne go biva.
aaaaaaaa
напишано од ........., јули 02, 2012
jas bi go popravil komentarot za bakrac ili za hari dvajcata se mladi i nemet damka nikakva.pozdrav
H A R I !!!!!!!
напишано од REALIST, јули 02, 2012
Eden neka kaze Hari Shokaroski sto loso ima napraveno,Deteto si e ODLICNO !!!!!!!!
a be
напишано од a be, јули 02, 2012
a be cel vek za cvetko i anita ke glasame, iza sovetnici i dvapati za pratenici ,sega se direktori. a sto napravile za ohrid,........aloooooo vmrovci nam ni treba gradonacalnik a ne samo kandidat. svestete se,ne e ova vmro od ljupco.ako si go sakate staroto vmro odete kaj Branko sega.ovde treba da se glasa ili za Bakraceski ili za Panoski ako sakame pobeda
Никој не ви е крив
напишано од Марко, јули 02, 2012
Го ставивте Борче .. да ја води партијата во Охрид..........Го ставивте Атанаско од никаде дојден никој не го знае.ВМРО во Охрид го уништивте вие кои ги ставивте овие двајца претседатели.Никој не ви е крив све се врака,мислевте преку нив ке владеет.Личните интереси не се својствени на правите ВМРО членови.Затоа гарнитурата која досега го мамеше премиерот треба да си оди за ВМРО во Охрид да оди напред.
gladna kokoska
напишано од aco, јули 02, 2012
Aco Poposki za gradonacalniksmilies/cheesy.gif.B.C. go klade kako svoj soselanec za pretsedatel ,na UO,odkoga ......... ne mu uspea i da gradonacalnik,otide vo NSDP,edvaj zede 3000 glasa.Za pratenik im se nudese na LDP,sega uste vo VMRO ne e pojaven.Abe ovie .... mislat deka narodov nafta pijat.Neka kaze .. kako se stekna so nevideno bogatstvo pa posle neka se kandidira /..........
samo proveren kadar
напишано од vbro-vec, јули 02, 2012
Krajno vreme e da se stavi proveren kandidat od nasite redovi a takvi se samo Cvetko i Anita i mislam deka megu niv dvajca Cvetko ke moze da dade pogolem licen doprinos i sigurno ke pobedi.
tesko nesto
напишано од zoran, јули 02, 2012
Znaci aco poposki saka da bide kandidat od VMRO - DPMNE . Pa toj vo 2005 godina mu bese protiv kandidat na aleksandar petreski vo sdsm koga ne uspea da bide kandidat za gradonacalnik gi napusti nivnite redovi, vo 2009 bese kandidat od nsdp i togas site znaeme kako pomina so neceli 3000 glasa i niv gi napusti i sega saka da bide kandidat od VMRO-DPMNE ,a vo 2017 od koja partija ke saka da bide kandidat.Neka si ja gledaat rabotata dosta im e niv.Za letra i pandeleski so da se komentira tie ne ja poznavaat stukturata na partijata i za niv e dobro sto voopsto se tamu kade sto se .Za drugite kandidati komentar podocna.pozdrav ohridon
...
напишано од ВМРО-ЕЦ, јули 02, 2012
Само така терајте и после ке се чудите шо не снајде.
vmrovci
напишано од eve, јули 02, 2012
Eve plukaci po svoeto srekni ste. Atanasko nema da e,Panoski ve otkaci,Hari ne ve mislt,Cvetko ke izgubit.E pa neka vi se ovie trojca od naslovov.Od klevetnici i kodoshi po svoite zagina VMRO vo Ohrid.Srekni ste sega

Напиши коментар
намали | зголеми

busy
reklama547x60_copy
.
whiteline
Поважни телефони
Полиција - 192 Брза помош - 194
Пожарна - 193 Евн - 263 666
Автобуска - 260 339 АМСМ - 196
Аеродром Скопје
(2) 3148 333
Аеродром Охрид
252 820
Водовод - 250 122 Комуналец - 263 325
Центар за справување со кризи - 195
Организација на потрошувачи - 252 833
Црвен крст - 273 706
whiteline
ohridon-logo-malo
JoomlaWatch Stats 1.2.9 by Matej Koval