Петрески со закани кон советниците: "ќе одговарате за ова"
..после 8 години Петрески не научил што значи да се биде вистински Градоначалник..Општина Охрид има огромен новонастанат долг...зошто ЈП Билјанини извори ги дава паркинзите на приватни лица...колкави се комуналиите од изградба на зградите во Бејбунар..
На вчерашната седница на Советот на општина Охрид меѓу советничките прашања се начнаа интересни теми кои полека ја отвараат вистината за Охрид. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Пановски ја отвори повтроно темата за долгот на Општина охрид но овојпат изнесувајќи дека во 2005 година Општината имала долг од околу 5 милиони евра но не бил оставен долг кон приватни фирми и касата била оставена во полна состојба.Во 2008 година ,како што изнесе Пановски, Петрески од политички побуди ијавил дека го сервисирал целиот долг до состојба нула.Но, сега во 2012 година Општина Охрид има огромен новонастанат долг па прашањето упатено до Петрески беше кон кого и зошто се направени овие нови долгови ако се знае дека во Охрид нема во 8 години некоја капитална инвестиција на локалната.На оваа провокација Петрески одговори со познатите ставови дека Општината имала стари долгови , дека експропријацијата е голем проблем и дека тој ги направил спортската сала и колекторот затоа што наводно тој ги платил.
Пановски на ова во изјава одговори дека после 8 години Петрески не научил што значи да се биде вистински Градоначалник на Охрид кој не смее да лаже ,да создава конфликти и да бега од одговорност. Но тука не застана војната Петрески-Пановски. Советникот Пановски изрази сомнеж дека градењето на кружниот ток кое е во тек кај Билјанини извори Охридија содржи елементи на дивоградба затоа што не е познато дека за тоа има дозвола за градба. Петрески одговори дека ги има документите но Пановски побара да биде покажано Одобрението одма на седницата. Петрески немајќи одговор не успеа да покаже документ и ескивираше дека документот ќе го покаже за неколку дена !!!!!??? Заклучок изведете сами.
Советниците на опозицискиот ВМРО ДПМНЕ поставија прашања за куп нереализирани проекти и ветувања на Петрески. Советникот Стефаноски запраша за нереализираните ветувања во Елшани и во Рача кои чекаат асфалтирање. Советничката Буџакоска потсети на нереалзираните ветувања а асфалтирање во Радојца Новичиќ,15 Корпус и Велгошти, како и нерасчистените делови и џбунови во Билјанини извори. Советничката Дамоска запраша зошто ЈП Билјанини извори ги дава паркинзите на приватни лица и колкави се комуналиите од изградба на зградите во Бејбунар теми кои очигледно го погодија Петрески кој нервозно реагираше упатувајќи закани кон советниците со зборовите: ќе одговарате за ова. Како координатор на советниците на ВМРО ДПМНЕ возврати Пановски упатувајќи го Петрески да одговара онаму каде што го повикуваат а да не се заканува на советниците за нивните политички одлуки. Како што дознаваме во подоцнежниот тек на седницата Петрески се извинил за упатените зборови кои биле упатени како закани но не требало така да се сфатат.
До моментот до кога на седницата присуствуваше екипата на ОхридОН имаше и други искри но потоа немаме информација како поминаа точките од следната седница која беше закажана доцна попладнето.
Од сето ова постои единствен заклучок дека градоначалникот се потешко наоѓа аргуменирани одговори на советничите прашања. Битката на локалните избори во Охрид ќе биде безпоштедна и жестока но сепак битка ке биде битка на аргументи и бројки за кои Локалната администрација и Петрески најмалку сакаат за зборуваат.
ohridON
30-06-2012

напишано од Milena P, јули 05, 2012
напишано од vmro-vec, јули 05, 2012
напишано од Vsil, јули 04, 2012
напишано од petko1, јули 02, 2012
напишано од toni, јули 02, 2012
напишано од !!!, јули 01, 2012
напишано од Arse, јули 01, 2012
напишано од vmro, јули 01, 2012
напишано од biljana, јули 01, 2012
Pak uste i pretis , to e vo nedostig na znaenje i idei sekogas ste pretele samo toa znaete , lazenje , shikaniranje i pretenje , a od ideja i progres GOLEMA NULA. ..........
напишано од slicno, јуни 30, 2012
напишано од ohrigjanec, јуни 30, 2012
напишано од dejan vojvoda, јуни 30, 2012
CEKAME 30 GODINI OPSTNINO KAJ STE??.. IMAME PLATENO SITE DAVACKI PREMA OPSTINATA ....;-((
напишано од vmro, јуни 30, 2012
напишано од !Граѓанин, јуни 30, 2012





